Српските медиуми јавуваат дека е уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ.
Трифуновиќ наводно бил приведен околу 20 часот во белградски Вождовац, откако, како што понатаму пишуваат српските медиуми, купил дрога од негов познаник. При претресот со себе наводно имал неколку грама недозволени супстанци. Оттаму велат дека и другиот маж е уапсен. Актерот и неговите претставници се уште не се огласија.
Трифуновиќ последен пат беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми со полицијата и во Хрватска, за време на летувањето во Сплит.
Да потсетиме, на Трифуновиќ пред неколку месеци му беше забранет влез во Хрватска и на територијата на Европската унија на една година, поради неколку прекршувања кои ги направил додека бил во Сплит.