ПРИНЦЕЗАТА И НЕЈЗИНИОТ ПРИНЦ СО ДАУНОВ СИНДРОМ СЕ МАТУРАНТИ: “Тоа беше наша ноќ како од бајките“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Тереза Божац и Мауро Зовиќ биле вистински принцеза и принц на матурската вечер во Пула. За двајцата матуранти со Даунов синдром, матурската вечер била како од бајките.

Тереза облечена како принцеза во златен фустан, а во свечен костум на паркингот пред хотелот ја чекаше нејзиниот Мауро со кого е три години во врска.

-Љубави, стигна, – рекол Мауро и како вистински кавалер од зад грб ги извадил белите ружи, а и подарил и накит и шминки.

-Не се шминкам, но ќе почнам, оти Мауро ми купи супер комплет со шминки,  -изјавила за 24 сата.хр Тереза која не ја крие љубовта кон Мауро.

-Секој ден разговараат по час и пол на Вибер. Си кажуваат што правеле, си ги кажуваат своите желби и соништа. Ова е вистинска љубов – велат родителите на Тереза.

Пред матурската вечер Тереза била да и направат и фризура. Тие вечерта заиграле валцер, а паднал и бакнеж.

-Среќни сме, се сакаме. Убаво ни е на матура. Баш како во бајките. Убаво сме облечени, како принц и принцеза. Се запознавме пред четири години,  а од пред три сме дечко и девојка – вели Мауро кој признава дека Тереза е “шефот“ во врската. Таа е модерна девојка која сака да ги слуша Адријана Гранде и Џастин Бибер.

По завршување на средното училиште Тереза планира да работи во цвеќарница бидејќи многу ги сака цвеќињата.
-Кога ги аранжирам цеќињата најмногу внимавам на боите. Се мора да биде под конец – вели за 24сата.хр, Тереза.

 

Фото: 24сата.хр

останати вести