Познатата американска јутјуберка Руби Френки е уапсена и обвинета за тешко малтретирање на нејзините шест деца.
Неухранетото, исцрпено и повредено дете побарало помош од соседите.
Веднаш ја известиле полицијата кога виделе дека момчето има остатоци од лента на рацете и нозете.
Полицијата веднаш ги уапсила Руби и нејзината партнерка Џоди.
„Детето побарало од соседите храна и вода, но тие веднаш повикале полиција кога виделе дека е врзано. Детето било многу слабо, имало отворени рани по телото. Ситуацијата била толку сериозна што лекарите веднаш го презеле во брзата помош и било пренесено во болница“, изјави портпаролот на полицијата.
Руби Френки се прослави преку својот канал на Јутјуб, каде објави видеа за нејзиниот строг начин на воспитување деца.
Одземање храна, вадење на вратата од спалната соба, закани со фрлање играчки и облека, се само дел од строгите методи кои Руби ги применувала при воспитувањето на децата.
Нејзиниот канал, каде што имало повеќе од 2,3 милиони следбеници, а оттогаш е отстранет од оваа платформа.