Филмскиот грабеж кој во април беше топ тема во медиумите на балканот добива разрешница.
Ивана А. е уапсена под сомнение дека заедно со нејзиното момче ги украле парите од банката Ловќен.
Инаку на почетокот на април годинава Ивана преставувајќи се како друго лице со лажна лична карта како редовен клиент на банката Ловќен од сметка на жена која живее во странство подигнала 1,3 милиони евра и заминала во непознат правец.
Идентитетот на жената која ѝ се претставила како редовен клиент на службеничката во филијалата на банката Ловќен лоцирана на приземје на катна зграда на улица во Херцег Нови, е откриен, пишуваат локалните медиуми.
Филмскиот грабеж траел два дена.Привиот ден банката не можела да ѝ ги исплати парите бидејќи ги немале на располагање, затоа ѝ препорачале да дојде следниот ден кога и ја исплатиле
Сето ова се случувало на 11-12 април годинава.
Но грабежот сега добива рзрешница Ивана А. е уапсена под сомнение дека заедно со нејзиното момче ги украле парите.
Министерството за внатрешни работи на Република Српска издаде соопштение во кое се наведува дека во акцијата наречена „Ловќен“ се уапсени три лица, а при претресот била пронајдена дрога, пари и оружје.
– Постојат сомнежи дека Ивана А. работела за криминална група и дека сега била назначена како директен извршител на делото, што и го сторила. Во криминалната организација наводно е и нејзиниот дечко кој е уапсен со неа – вели добро упатениот извор на спрски Курир и додава.
Инаку, според обвинението, Ивана А., која е означена како директен извршител на измамата, е осомничена дека во утринските часови на 12 април дошла во филијалата на „Ловќен банка“ во Херцег Нови и користејќи лажни документи од сметката на М.О. подигнала околу 1,36 милиони евра. За милионскиот грабеж се осомничени и Саша К. и Марко Д.