ВОЗНЕМИРУВАЧКА СЦЕНА ОД БЕЛГРАД: Жена дави девојче! (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи е објавено грозоморно видео од Белград. Имено, камерата снимила инцидент помеѓу сопственичка на локал и ученичка од блиското училиште.

Во тој момент маж се обидел да ги раздвои и да спречи понатамошна тепачка, но жената не му дозволила да го стори тоа и продолжила да го дави девојчето. Жената потоа го турнала кон ѕидот и додека го давела наоколу се собрале неколку луѓе кои се обидувале да ги разделат.

На крајот девојчето се симнало од скалите и продолжила вербално да се пресметува со жената која постојано повторува: „На кого креваш рака?“

Девојчето во тој момент и вели: „Имате ли вие деца?“

Што го предизвикало овој инцидент не е сосема јасно, но судејќи по видеото, се претпоставува дека жената била испровоцирана од тоа што девојчето седело на скалите пред нејзиниот локал.

останати вести