Турчин чиј идентитет не бил соопштен брутално ја претепал својата девојка од Србија, фото моделот Тања Дукиќ, која во последните неколку години работела како манекенка во Турција. Насилникот и нанел модринки по целото тело, а инцидентот се случил во нивниот стан во населбата Ортакој во Истанбул, а мотив најверојатно била неговата патолошка љубомора.
Турските медиуми објавиле и фотографии од повредената Тања, која се здобила со бројни модринки на главата и целото тело.
Според информациите, таа сама го пријавила насилникот во полиција, а на тамошните медиуми им објаснила дека тие двајца се наоѓале во емотивна врска во последните две години, како и тоа дека живеат заедно.
https://www.instagram.com/p/ByBJa2ghrp1/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
– Злоставувањето се случи на втори јуни после кавга која изби некаде околу 20.00 часот. Дечко ми ме пречека после едно снимање, а штом влегов во кола почна расправија предизвикана од неговата љубомора. Откако стигнавме дома тој почна ѕверски да ме удира и да ме шутира. Го молев да престане, но тој упорно продолжуваше да ме удира каде ќе стигне – раскажала таа за локалните медиуми.
Таа раскажала дека насилникот не останал само на неколку удари, туку продолжил да ја тепа речиси цели четири часа.