Турчинот кој избега со две милијарди долари се крие во Македонија?

by Тони Зографски

Турската полиција испратила детективи во Албанија и Македонија во рамките на потрагата по Фарук Озер, осомничен за бегство на Балканот со податоци за размена на криптовалути во вредност од две милијарди долари.

Потерата по Озер започнала минатата недела, откако клиентите на неговата компанија „Тодекс“ не можеле да подигнат пари, по што започнааа бран на шпекулации дека на повидок е голема измама.

Веднаш потоа, турските власти објавија дека Озер е во Албанија, па затоа беше распишана меѓународна потерница за него, но албанската полиција се уште не успеала да го најде.

Освен во  Македонија и Албанија, турски агенти биле испратени и во Црна Гора и Косово, пренесува „Хуријет“.

Турските власти тврдат дека сопственикот на „Тодекс“ оштетил околу 390.000 корисници на платформата за размена на криптовалути.

Досега се уапсени околу 70 лица кои се осомничени дека биле дел од измамата, но повеќето од нив набрзо биле ослободени.

 

останати вести