24- годишна манекенка Тања Џукиќ која на 2 јуни беше претепана од момчето Чаго Тортоп и натаму стравува за својот живот. Имено нејзиното поранешно момче не само што и се заканува неа туку и на нејзиното семејство.
Инаку, Турчинот е дипломиран психолог и продуцент. Тој е главен на проектот “Miss Exclusive of the World“ а се занимава со музичка продукција. Тортоп е влијателна личност во Турција и живее луксузен живот.
Тој е огорчен дека целата приказна за насилство допре до јавноста, а според заеднички пријател, Чаги е спремен на се само за да избегне затворска казна.
„Не приметив дека е монструм. Вчера добив информација дека тој буквално се фали што ја потплатил полицијата и дека мојот доказ од болница нема да се покаже на суд. Исто така ќе сведочи и негов пријател кој треба да каже дека бил со нас и дека јас самата сум си нанела повреди“ рекла Тања.
Тања го пријавила во полиција откако и скршил неколку ребра и искубал косата , но надлежните во Турција не реагирале како што треба.
Откако го пријавив го викнаа на сослушување и го пуштија, а после тој за малку ќе ме убиеше, па откако поднесов кривична ме советуваа да ја напуштам Турција, раскажала таа за Курир.рс.
Потсетуваме дека Тања била во врска со него две години, а се запознале откако таа почнала да работи во Истанбул како модел.