Трејси Тарнер (51) мајка на две деца останала гола и скоро парализирана во воден парк кој се наоѓал во составот на познатото летовалиште Шарм Ел Шеик во Египет.
Притисокот на водата бил толку силен што и го искинал костимот за капење, а имала скршени пршлени и други коски додека спасителот стоел од страна и се смеел.
-Обично спуштање на тобоган се претвори во хорор. За малку ќе завршев во инвалидска количка. Притисокот на водата беше огромен, а се чувствував како да сум во машина за перење – изјавила Тарнер.
Инаку, жената поднела тужба до хотелот.
(Telegraf.rs)