Вистински хаос настана вечерва на улицата Кнез Михајлова во центарот Белград кога турскиот актер Чан Jаман се појави пред продавница.
Стотици Србинки побрзаа да го видат згодниот Турчин, а најсреќните успеаја да направат селфи со него. Згодниот Чан е sвезда на турските сапуници и момче на италијанската новинарка Дилета Леота.
Актерот, модел и адвокат Чан Јаман веќе неколку дена престојува во Белград. Тој објавил неколку фотографии на Инстаграм, а Нова.рс пишува дека во Србија пристигнал поради деловни обврски.
Инаку, турскиот актер, кој повремено работи како модел и е познат како еден од најпосакуваните мажи на светот, по потекло е од Косово, што и самиот го кажал во едно интервју.
“Дедо ми живееше во Приштина, каде што се роди. Јас никогаш не сум бил таму, не го знам јазикот. Моите родители се родени во Истанбул, исто како и јас”, рекол тогаш актерот.
Јаман живеел во САД некое време, но потоа се вратил во својата родна Турција, каде што завршил правен факултет. Сепак, тој на крајот ја започнал актерската кариера и беше прославен од серијата „Сонувачи“, за која доби многу награди.
Comments are closed.