“ Денеска се 43 тестирани а тројца се позитивни, што значи бројката се искачи на 70 заболени. Тие се од Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Состојбата на пациентката која е на респираторна машина е критична, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој појасни дека една пациентка е од Скопје која патувала во Србија, бабата на четиригодишното девојче од Штип, како и уште еден маж.
Според Филипче, бројот на пациенти ќе расте. Поради непочитување на мерките попладне од Владата тој ќе побара заострување на мерките.