Три сестри на фарма за млечни производи во Охајо наследиле паричка од доцните 1970-ти, не знаејќи дека тоа засекогаш ќе им го промени животот.
Монетата била љубоморно чувана од нивниот покоен брат повеќе од 40 години, а неодамна била продадена на аукција во Калифорнија.
Монетата е произведена од ковачницата во Сан Франциско во 1975 година, со ликот на претседателот Френклин Рузвелт, но и со речиси незабележлива „грешка“.
Имено, на монетата не се гледа препознатливата ознака „S“ (над годината), што ја прави исклучително ретка и вредна, пренесува Daily Mail.
Колку што е познато, во оптек има само уште една копија, која била продадена на неименуван приватен колекционер во 2019 година за огромна сума од 450.000 долари.
Вредната монета завршила кај сестрите од Охајо, а како што е познато, купена е за 18.200 долари во 1978 година. Тоа го направил нивниот брат, заедно со нивната мајка.
Тие ја гледале паричката како еден вид „финансиско обезбедување“ за фармата за млеко.
На неодамнешната аукција во Калифорнија, организирана од GreatCollections, монетата била продадена за 500.000 долари.