Водителката на овогодинешната Евровизија во Ротердам, Ники де Џегер, попозната под нејзиното Јутјуб име „NikkieTutorials“, ги извести своите следбеници на Инстаграм дека завршила во болница.
Ники сними видео и им откри на своите милиони следбеници на Инстаграм дека завршила во болница по натпревар на кој водела музичка програма.
„Пред три дена бев на најголемиот музички натпревар на планетата, а сега сум во болница. Земам лекови за хронично заболување на цревата. Јас не избрав гламурозен живот, гламурозниот живот ме избра мене“, рекла таа во видеото.
Инаку, Ники е првата трансродова личност која ја водела Евровизија.