Тригодишната Јасна Дедиќ секоја недела оди со семејството на литургија, која се организира во Црна Гора. Таа, за жал, има церебрална парализа и е целосно неподвижна. Со браќата Величко (4) и Маријан (9) и самохрната мајка Милослава дели само една соба.
Таткото ги оставил пред три години и не плаќа алиментација, така што живеат многу скромно кај своите во село. Границата со Албанија се наоѓа на неколку километри од нивната куќа.
– Ние живееме скромно, му се молиме на Господ и постиме. Се надеваме на подобро. Верувајте ми дека синот Маријан утрово кога слушна дека доаѓате, рече „само куќа да имаме“ и тоа навистина е нашата желба- раскажала мајката Милослава.