Мишел Нострадамус е најпознатиот пророк во западниот свет кој го предвиде почетокот и крајот на Првата светска војна, доаѓањето на власт на Хитлер и точниот датум и место на Втората светска војна, како и појава на авиони, подморници, тенкови и почеток на вселенското доба и уште многу нешта. Со оглед дека сме во 2020 година, време е да ги погледнеме интерпретациите на стиховите на Нострадамус за оваа година.
Треба да се чуваме од „пријатели“
Нострадамус верувал дека новата ера ќе започне во 2020 година, а тоа е, на некој начин, свет момент, во исто време поволен и опасен за историјата на човештвото, што ќе донесе и катастрофи и откритија. Критичната 2020 година не мора да значи крај, туку фундаментална трансформација на светот во кој живееме, повторното раѓање на човештвото на ново духовно ниво.
Избувнување на третата светска војна
Повеќето од шифрираните пораки на Нострадамус за доаѓачкиот период се чини дека предвидуваат смрт и уништување. Според него, ќе избие 27 години уништувачка војна меѓу две големи светски суперсили после подемот на третиот антихрист. Вака звучи пророштвото: „Во градот Божји ќе има голем гром. Двајца браќа го раскинуваат Хаосот додека тврдината издржува. Големиот лидер ќе подлегне. Третата голема војна ќе започне кога ќе изгори големиот град “.
Атентат за Путин и болест за Доналд Трамп?
Нострадамус предвидел многу насилна година и за рускиот и за американскиот претседател.
Путин ќе го преживее атентатот, но не и некој близок со Трамп.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе доживее обид за атентат од неговиот безбедносен тим. Ако се исполни пророштвото, Путин ќе биде предаден од некој кој е многу близок до него. Што се однесува до Доналд Трамп, пророкот предвидел дека ќе страда од мистериозна болест и дека член на семејството на американскиот претседател ќе биде жртва на сообраќајна несреќа.
Голема финансиска криза
Според предвидувањата на Нострадамус за 2020 година, ние сме на работ на скорешен хаос во трговијата. Додека некои аналитичари инсистираат на тоа дека не сме сведоци на друг „меур“ што ќе пукне наскоро (како во 2008 година), други експерти веруваат дека економскиот хаос е „зад аголот“.
Англија ќе добие крал
Смртта на кралицата ќе биде еден од највознемирувачките настани во Велика Британија во последните 70 години. Од нејзиното крунисување во 1952. година, кралицата Елизабета Втора живеела доволно долго за да се запознае со 13. премиери на Велика Британија и 13. претседатели на Соединетите држави. Таа сега има 93. години, а многу толкувачи на катрените на Нострадамус сметаат дека нејзиното владеење ќе заврши во 2020 година.
Нов папа
Се верува дека Нострадамус зборувал за папата Фрањо во катрените 2.97 и 5.31, и дека тој ја предвидел неговата смрт за 2020 година. Наследникот на папата Фрањо ќе биде „млад човек“ кој ќе „достигне висока позиција“ во 2020 година. Толкувачите на катрените тврдат дека новиот папа ќе создаде скандал во Католичката црква веднаш штом ќе дојде на тронот, а кој ќе „тлее“ до 2029 година.
Природата против луѓето
Годината ќе биде полна со природни непогоди, но и со научни достигнувања. Ќе има поплави во многу европски земји (Италија, Чешка, Велика Британија). На Блискиот исток, исламскиот екстремизам дополнително ќе се зајакне.
Голем земјотрес ќе ја погоди областа помеѓу Калифорнија, САД и Ванкувер во Канада. Европејците и Американците ќе се соочат со проблемот со мигрантите и ќе има се’ повеќе терористички напади.
Извор: Интермагазин.рс