Почина 66-годишната пациентка од Дебар која веќе подого време беше во тешка состојба на Инфективната клиника, објави на прес конференцијата министерот Венко Филипче.
“Пациентката беше на возраст од 66 години, а долги години страдала од висок притисок“, појасни Филипче.
Таа е трета жртва на корона вирусот во Македонија.
Инаку, во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Пет се од кожната клиника. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 3 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (108), Дебар (41) – 2 починати, Куманово (11) – 1 починат, Штип (7), Велес (3), Кавадарци (2) Охрид (2), Прилеп (2), Гостивар (1).