ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ИЗРАЕЛ: Третата доза на Фајзер штити и до 15 пати повеќе

by Тони Зографски

Истражување спроведено во Израел на нешто повеќе од еден милион луѓе постари од 60 години, покажало дека дополнителната трета доза од Фајзер вакцината штити и до 15 пати повеќе во однос на оние кои имаат примено само две дози.

Во студијата се наведува дека имуниот одговор по примената „бустер“ доза почнува релативно брзо да дава одговори и тоа во интервал меѓу седум и 12 дена.

Истражувањето потврдило и дека трета доза помага не само во ублажувањето на клиничката слика, туку помага да се спречи и ширењето и пренесувањето на болеста, како и да се спречи повторно појавување на болеста.

останати вести