Фитнес тренерот Џои Свол, кој на социјалните мрежи предупредува на некултурно и несоодветно однесување во теретана, се потрудил да избрка една девојка откако добил видео од нејзиното „некултурно истегнување“.
Џои сподели видео на кое се гледа како девојката прави некој вид на истегнување додека зад неа стои дечко со телефон и ја снима нејзината вежба. Тој објасни дека девојката не одела во теретана за да вежба, туку за да снима содржина за нејзиниот профил на „OnlyFans“.
„Кога одите на нејзиниот профил, гледате дека објавува ваква содржина во јавните, комерцијални теретани за да го промовира нејзиниот профил на „OnlyFans“. Немам ништо против „OnlyFans“. Заработете пари колку сакате, но за оваа содржина нема место во теретаната“, Џои објасни дека контактирал со сопственикот на теретаната каде сè се случило и тие ја избркале девојката.
„Ако веќе немате самопочит, барем почитувајте ги луѓето околу вас во теретана“, заклучил Џои и ваквото однесување го опишал како одвратно, а со него се сложиле и многу следбеници.