Беше италијански модел, потоа се омажи за внукот на Грејс Кели, а нејзиниот стил остава без зборови!
Без никакво двоумење Беатрис Боромео е убедливо најубаво облечената припадничка на сите кралски ѓсемејство.
Кејт Мидлтон, кралиците Летиција и Ранија се само некои од припадничките на кралските семејства чиј моден стил предизвикува вистинско воодушевување. Меѓутоа, ниту една од нив не ја носи титулата најдобро облечена припадничка на кралско семејство. Оваа титула ѝ припадна на Беатрис Боромео, италијанската манекенка и сопруга на Пјер Касираги, синот на принцезата Каролина од Монако.
Престижниот магазин „Tatler“ Беатрис ја именуваше како „припадничка на европско кралско семејство со најмногу стил“. Преубавата италијанска манекенка, која со стилот ги надмина дури и Кејт Мидлтон и Меган Маркл, со своите комбинации и модни избори никогаш нема погрешено. Доволно е само да се потсетиме на нејзината едноставно, но бајковита венчаница која ја носеше на својата венчавка во 2015 година, кога се омажи за Пјер Касираги, синот на принцезата Каролина од Монако.
Но, титулата кралица на стилот не се добива туку така, а за тоа покажува и фактот дека Беатрис на својата венчавка не носеше само еден фустан, туку четири. Две од „Валентино“ носеше за склопувањето на граѓанскиот брак во Монако, а две со потпис „Armani Privé“ носеше за црквеното венчавање на езерото Маџоре.
36 – годишната припадничка на кралското семејство потекнува од италијанско аристократско семејство, а нејзин татко е Дон Карло Фердинандо, припадник на италијанското аристократско семејство Боромео. Прилично популарна во својата татковина, Беатрис пред да се омажи за Пјер, помладиот син на Каролина, принцезата од Хановер и внук на Грејс Кели, работеше како полички новианр и снимаше документарци.
„Валентино“, „Armani Privé“ и „Шанел“ се само некои од познатите и престижни модни брендови кои ги полнат нејзините плакари, а оваа мајка на две деца со одличните комбинации често ја истакнува и беспрекорната фигура. Без оглед на тоа за која пригода станува збор, дали за на црвен килим, за бројните кралски должности или пак за на одмор на јахта, Беатрис изгледа беспрекорно, а во чекор ја следи и нејзината золва, совршена партнерка во модното злосторство, Шарлот Касираги.
фото: Profimedia
Comments are closed.