Во програма на руската државна телевизија, водителката истакна дека Владимир Путин требало да изврши нуклеарен напад на погребот на кралицата Елизабета
Руската водителка Олга Скабеева сугерираше дека погребот на кралицата било идеално време Владимир Путин да фрли смртоносни нуклеарни проектили врз Велика Британија.
Откако наводно изгубил огромни делови од територијата во источна Украина, се зголемуваат стравувањата дека рускиот лидер Владимир Путин би можел да го искористи својот нуклеарен арсенал за да стави крај на конфликтот еднаш засекогаш. Потезите на Путин го оставија без покана за погребот на кралицата, иако тој му изрази сочувство на кралот Чарлс кога се појави веста за смртта на поранешниот монарх.
Откако другите светски лидери, вклучително и американските и француските претседатели Џо Бајден и Емануел Макрон, ја посетија Велика Британија за да присуствуваат на погребот на кралицата, руската ТВ водителка Олга Скабеева сугерираше дека Русија можела да го потврди својот авторитет без присуство на Путин.
“Зошто да ги бомбардираме Украина или Германија кога таму е Британија, коренот на злото?“, рече Гуруљов.
„Требаше да го направиме тоа, кога сите најдобри луѓе беа на погребот, Господ да ми прости“, го прекина Скабеева.
Охрабрен од водителката, Гуруљов продолжи со своите закани, апелирајќи: „Кога Британија ќе се претвори во марсовска пустина, ќе ја брани ли марсовската пустина според нејзиниот петти член? Нема да остане ништо. Како го викаат? Непоколеблив остров? Ќе го протресеме“.
Meanwhile on Russian state TV: State Duma deputy Andrey Gurulyov threatened Britain with nuclear strikes.
Host Olga Skabeeva said that Russia should have conducted a nuclear strike on Monday, since many important people were in attendance for the Queen's funeral. pic.twitter.com/qRBbiPo52L
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) September 20, 2022