ПРЕУБАВ ПРИЗОР ОД СИБИР: Најголемата елка во Русија направена од автомобили (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Возачи од Краснојарск поставија руски рекорд, така што 700 автомобили направија фигура во новогодишна елка. Овој настан се одржа по трет пат.

Покрај вообичаените жолто-бели светилки, елката беше осветлена и во црвена и сина боја, бидејќи на настанот присуствуваа и вработени од Државната сообраќајна инспекција од регионот.

Според организаторот на настанот, Валери Пичугин, оваа година бројот на учесници речиси се удвоил: околу 700 возачи се приклучиле на настанот.

Претходно во слична акција учествуваа возачи од Санкт Петербург, Чита, Владивосток, Омск и други руски градови.

останати вести