Новак Ѓоковиќ последниве денови ги полни насловните страници на домашните и странските медиуми со изјавите за вакцината и за неговиот серијал на Инстаграм “свесно живеење“.
Неговата сопруга Јелена подеднакво е активна на Инстаграм, им чита на најмладите, дели совети за мајчинството и за здравата храна…
Во интервју за Грејем Бесинџер Новак и Јелена открија каков бил чинот на запросување.
Имено, Ноле ја повел неговата идна сопруга на возење со балон.
“ Запросувањето требаше да биде романтично, а не драматично. Имено, изнајмив два балони, во едниот бевме јас и Јелена, а на другиот требаше да пишува “Сакаш ли да се омажиш за мене?“, откри Новак.
Но, проблем бил што нивниот балон “замалку ќе се запалил“.
“ Почнав да се “дерам“ дека балонот има дупка, и во тој момент се појави друг балон, на кој во прв момент помислив дека е реклама. Си мислев, “дали е тој луд, што е ова со рекламава“ , и тогаш прочитав што пишува. Се свртев, а Новак веќе клечеше со прстенот“ – појасни Јелена.