Еден од најславните магионичари на светот Рој Хорн, кој беше дел од славниот магионичарски пар “Сигфрид и Рој“ почина од коронавирус- објави неговиот портпарол.
75-годишниот Рој починал во петокот, од комплакции од болеста предизвикана од коронавирусот – информирал портпаролот Дејв Кирвин.
Инаку, Рој Хорн беше популарен со точките со белите тигри и лавови со кои настапуваше со партнерот во Лас Вегас. Неговата кариера заврши во септември, 2003 години, кога во текот на настапот го нападна еден од белите тигри.
-Денеска светот загуби великан на магијата, а јас го загубив својот најдобар пријател – истакнал Сигфрид Фишбахер.