Најстарата ќерка на можеби најубавата глумица на светот Моника Белучи и францускиот актер Винсет Касел, Дева Касел тргнува по стапките на славната мајка.
Дева Има 15 години, а стана заштитно лице на новиот парфем на Долче и Габана „Shine“. Во рекламата за парфемот, блeска во бел фустан опкружена со цвеќиња и дрвја.
Како што пренесуваат странските медиуми, таа гради многу успешна кариера, а на социјалната мрежа Инстаграм во голем број ја следат фанови на нејзината мајка, кои се маѓепсани од нејзиниот изглед.