“Тата Група“ која е партнер на компанија Индитекс со која управува “Зара“ гради сопствено царство на облека кое е тренди, кое е многу слична на “Зара“, на двојно поевтина.
Интересно е што овој нов ланец за снабдување ќе испорачува “екстремно брза мода“, односно, парчињата облека од модните писти за само 12 дена ќе бидат во нивните продавници.
Планирано е да се отворат 40 -тина продавници, најмногу во Индија, и нема ниедно парче облака да биде поскапо од 15 долари.
Целна група ќе им бидат потрошувачи кои се модно освестени, но поради ниските приходи облеката од “Зара“ им е недостапна.