Александар Трајковски, кој пред некое време беше фотографиран во Будимпешта во друштво на екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, најверојатно не бил единствениот вработен од Царинската Управа на Македонија, што бил на средба со поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој минатиот месец доби азил во Унгарија, објави „Дојче Веле“.
Како што пренесе овој медиум извори од опозицијата тврдат дека и лицето кое е снимено како седи до Груевски во ресторан во Будимпешта, исто така било вработено во Царинската Управа на Македонија. Тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но, не бил познат за пошироката јавност.