Доналд Трамп завчера се појавил пред судот во Менхетен во Њујорк и тоа е првото судење на еден претседател на САД во историјата.
Трамп се обвинува дека фалсификувал деловни документи кога на актерката од филмовите за возрасни Сторми Даниелс преку својот адвокат ѝ платил 130 илјади долари за да не говори јавно за нивната наводна афера.
Во судот се појавила и Марго Мартин, важен член на неговиот тим којашто многумина ја мешаат со Меланија Трамп поради физичката сличност.
Марго Мартин има 28 години и е една од бројните млади конзервативки која ја започнала својата кариера работејќи за Доналд. Заменичката за комуникации на Доналд Трамп била во центар на внимание во јавноста во јуни 2023 година. Тогаш се појавила со поранешниот американски претседател на суд во Мајами, со огромни очила за сонце.
„Fox News“ тогаш објавил видео во кое напишале дека сопругата на Трамп дошла со него во судот, но продуцентот ја воочил грешката, па веднаш му дојавил на репортерот којшто се извинил за истата.
Марго Мартин на прв поглед навистина изгледа како Меланија, имаат исклучително слични фризури, а таа случајно или не, некогаш со начинот на позирање потсетува на поранешната прва дама на САД.
Мартин работи во тимот на Доналд уште од времето на неговата администрација во Белата куќа.
Таа била застапена и во кампањата во 2020 година, а на 20 јануари 2021 година ја подготвила последната новинска постава во Белата куќа.
Марго била една од клучните личности во процесот којшто против Трамп го иницирало Министерството за правосудство поради неговото управување со доверливи материјали. Според „CBS News“ нејзиниот глас се слуша на клучниот аудио доказ во којшто Трамп го опишува доверливото ограничување на еден од документите кои ги поседува.