Фотографијата на која првата дама на САД, Меланија Трамп е насмеанa предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи, преку кои се разгоре сомнеж дека Белата куќа користи двојничка на вистинската Меланија.
Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека Доналд Трамп покрај претседателската кампања мора да води кампања и со “двојното тело на својата сопруга“.
Американската јавност се фокусира околу прашањето која би можела да биде двојничка на Меланија која никогаш се нема насмеано.
-Оваа дефинитивно не е Меланија и не е прв пат ова да се случува, напиша еден корисник на Твитер.
Инаку, теоријата дека Белата куќа користи двојничка на Меланија Трамп е присутно уште од 2017 година.