Најмалку 25 лица беа повредени на забава кога се сруши подот на двокатна куќа во американската држава Џорџија.
Полицијата од областа Атина-Кларк соопшти дека повеќе од 500 луѓе биле на забавата во близина на Универзитетот Џорџија, пренесува АП.
Гостите претрпеле бројни повреди, од расекотини до скршени раце, кога паднале од приземјето во подрумскиот простор под куќата.
Можеше да биде многу полошо, треба да бидеме благодарни што се заврши вака, рече капетанот на противпожарната служба во Атина, Нејт Мос и додаде дека ваквите несреќи се чести кога има премногу луѓе во старите згради.
-Улицата каде се наоѓа куќата беше преполна со возила и луѓе кои излегоа надвор да видат што се случило, па противпожарните возила едвај успеаја да се пробијат до местото на несреќата, рече капетанот.
-Во куќата имаше толку многу луѓе што поголемиот дел од приземјето пропадна во подрумот, рече тој, додавајќи дека тие го пријавиле инцидентот кај властите.