Повеќе од 10.000 петарди пронашла тетовската полиција во возило на 30-годишен тетовец.
Огромната количина пиротехнички средства биле пронајдени вчера попладнето во автомобил мерцедес на тетовецот, кој бил запрен на улица „Маршал Тито“ во Тетово.
Полицијата пронашла и одзела точно 10.223 парчиња пиротехника.
“По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од полицијата.