Анастасија Рубинска (27) од Полска, која исчезна во понеделникот вечерта, на 12 јуни, на островот Кос во Грција, вчера е пронајдена мртва, пренесува „Прототема“.
Полицијата интензивно работи на расветлување на овој случај, а наскоро ќе започне и процесот на идентификација на пронајденото тело. Голото тело на девојчето било пронајдено под дрво, покриено со гранка, на само еден километар од куќата на осомничениот од Бангладеш кој веќе е во притвор. Според информациите на грчките медиуми, волонтер кој учествувал во истрагата пронашол тело во вреќа.
„Во населбата Аликес е пронајдено тело на гола жена, а полицијата верува дека се работи за исчезнатата 27-годишна Анастасија. Се очекува идентификација од нејзиниот партнер“, се вели во соопштението.
Покрај мажот од Бангладеш, мета на полицијата е и неговиот цимер. На снимката од безбедносните камери од соседните куќи се гледа како мажот од Бангладеш влегува во својот дом со Анастасија. Сепак, неговиот цимер им рекол на властите дека такво нешто не се случило, а полицијата верува дека тој лажел. Исто така, се наведува дека ДНК на несреќната девојка била пронајдена во куќата во близина на која е пронајдена.
Исчезнувањето на Анастасија го пријавил нејзиниот партнер, пишува весникот „Демократики“.
Поточно, на 12 јуни околу 22 часот и 30 минути, 28-годишникот телефонски ја контактирал партнерката, која му рекла дека е во Мармари, дека е во алкохолизирана состојба и дека некој со неговиот мотор ќе ја однесе до хотелот.
Таа потоа му испратила порака за нејзината локација за да може да вози за да ја земе. Но, кога момчето пристигнало во областа која таа ја посочила, не ја нашол Анастасија. Како што се пожалил, кога повторно се обидел да стапи во контакт со партнерката преку нејзиниот мобилен телефон, тој бил исклучен.
Во 23:38 нејзиниот телефон бил пронајден преку апликација во областа Тигаки. Во тој момент тој веќе беше исклучен. Девојката не се појавила на работа како што било предвидено утрото на 13 јуни 2023 година.
Како што објавија медиумите, нејзиниот мобилен телефон бил пронајден, но без СИМ-картичка, а семејството на исчезнатото девојче испратило група приватни детективи кои се обидувале да откријат што точно се случило таа кобна ноќ.