Благодарам на сите што ми пишавте за мојот роденден.Немате поим колку ме израдувавте, колку вера и храброст ми дадовте.И знам дека не сум тука веќе некое време, имам многу да споделам со вас и ветувам дека ќе го сторам тоа наскоро и ќе продолжам да го правам тоа од сега па натаму. Така драги другари до неодамна. Среќен петок, среќен викенд и ќе се видиме“, им посакаа на фановите и другарите Атанас Атанасов.
По видеото следуваше лавина од коментари на социјалните мрежи со тврдења дека министерот бил издрогиран кога ја снимал селфи- пораката, а медиумите известуваат и за лавина политички коментари и барања за оставка. По дводневниот скандал, денеска Атанасов сними ново видео , за официјално да каже дека нема да си поднесе оставка.
„Нема да поднесам оставка“, дециден еАтанасов.
Тој кажа и дека фокусот требало да биде на друго место, а видеото не е случајно, туку намерно снимено.
Самото видео кое министерот вчера го избриша од својот Фејсбук профил предизвика лавина реакции. Вклучувајќи и многу прашања дали министерот не бил под дејство на никакви супстанци – алкохол или дрога додека го снимал , објавија бугарските медиуми.