Во страшната автобуска несреќа што се случи денеска на автопатот Струма во Бугарија, меѓу настраданите патници, 12 се од исто семејство, Јахиу од селото Моране, Општина Студеничани. Осум од нив биле деца. За ТВ21 зборуваше роднина на семејството Јахиу.
„Значи 10 се членови на потесното семејство, беше и сестрата на една од жртвите, од село Студеничани, таму е мажена. Колку што е потврдено таа беше со нејзината ќерка. Значи 10 се од потесното семејство и две други жртви, од поширокото семејство, роднини. Две жени со 8 деца, на различна возраст, имаше 7 годишно девојче, таа беше најмалото дете, потоа машкото имаше 10-12 години“, посочи роднина на семејството за ТВ21.