Момче и девојка од Италија загинаа во сообраќајна несреќа во Розарно кога се враќале од нејзината роденденска забава.
Неколку часа пред трагедијата, младиот човек ја запросил својата девојка, а видеото било објавено на неговата приказна на Инстаграм.
Франческо Џовинацо и Гесика Муја, двајцата на 23 години, загинаа во несреќа кога нивниот автомобил удрил во бетонски столб од засега непознати причини. Се сомнева дека причината е големата брзина, но тоа допрва треба да се утврди.
Само три часа пред несреќата, Франческо на Инстаграм објавил видео во кое бара девојката да се омажи за него.
“Не само што ти е роденден – верувај ми, те сакам повеќе од мојот живот. Се ветивме до смрт”, напишал младиот човек.
На Гесика и бил роденден на денот на несреќата. Двајцата се враќале со автомобил од прославата во ресторан, каде вечерале со пријателите.
Во автомобилот имало уште еден млад човек, братучед на Франческо, кој е тешко повреден и е пренесен во болница.
Од првите резултати од истрагата се дознало дека Франческо немал возачка дозвола, а било утврдено дека автомобилот во кој се наоѓале немал осигурување.
Јавното обвинителство во Палма, кое ја координира истрагата за несреќата, наредило да се направат алкотестирање и токсиколошки тестови на телата на двете жртви и на третиот повреден млад човек.