Во Лондон, има една жена која оди секој ден во метро и седи на клупа само за да ја слуша објавата снимена од нејзиниот сопруг во далечната 1950 година.
Маргарет Мек Колум по смртта на нејзиниот Освалд Лоренс, седи на клупата чекајќи да ја слушне оваа снимка која стана една од најпознатите лондонски „Mind the gap“.Во 2003 година, Освалд умрел оставајќи огромна празнина во срцето на Маргарет. Така Маргарет најде начин да го почувствува неговото присуство најблиску.
Но, по повеќе од половина век, овој глас бил заменет со празна електронска снимка.Тажната Маргарет поради тоа од директцијата на лондонското метро ја побарала касета со гласот на нејзиниот починат сопруг за да продолжи да го слуша гласот на сопругот дома.
Но, по нејзиното барање и поради почит кон историјата, компанијата одлучила да ја врати објавата на единствената станица во близина на куќата во која живее Маргарет, поточно на постојката „Embankment“, каде што сите патници денес можат да го слушаат гласот на Освалд Лоренс и да мислат дека вечна љубов навистина постои.