Синоќа на булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче е прегазен човек .
Во 20,23 часот во СВР Скопје пријавено е дека на бул.В.С.Бато во близина на Стопанска банка е случена сообраќајна незгода во која автомобил „ Шкода Октавија“ со германски таблички, управувано од М.Ц. (49) удрило во пешак.
– Според првичните сознанија, несреќата се случила кога 57-годишниот пешак излегол на булеварот надвор од обележан пешачки премин. Притоа, на него налетало возило „шкода октавиа“ со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка. Од ударот, пешакот починал на лице место, – стои во соопштението.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот.