Ноќеска пред влезот на скопската населба Драчево, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која според првичните неофицијални информации на лице место загинале три лица, а две лица со тешки повреди подоцна починале во скопските клиники.
До несреќата дошло кога мал автомобил Рено 5 во се уште неутврдени околности директно се судрил со камион за собирање на смет кој веројатно се движел кон депонијата Дрисла. Според неофицијалните информации една од жртвите е девојче. Очевидци изјавуваат дека реното се движело со преголема брзина и изгубило контрола и удрило во камионот за смет.
Полицијата најавува детали за несреќа во текот на денешниот ден.