Шпанскиот фудбалски тренер Франциско Гарсија почина од коронавирус и тоа на само 21 година.
Гарсија работеше во Атлетико Портада Алта со седиште во Малага, тим кој постои од 2016 година. Нему му била дијагностицирана форма на леукемија откако бил однесен во болница со сериозни симптоми на коронавирус
„Гарсија немаше претстава дека е заболен од агресивна болест која го направи ранлив на коронавирусот. Тоа беше откриено откако беше примен во локалната болница поради проблеми со дишењето. Пред еден час соопштивме дека состојбата е стабилна, а сега сме известенни дека Гарсија починал“, се зборовите на претседателот на шпанскиот тим.
Инаку, Гарсија беше петтата жртва на пандемијата во регионот Малага, но далеку најмладата, бидејќи другите беа на возраст од 70 до 80 години.