На 28-годишна возраст ненадејно почина Патрик Цветко, најбараниот хрватски манекен.
Како што објави хрватски „Стори“, Цветко доживеал епилептичен напад, а веста за неговата смрт ја потврдила неговата пријателка Елена Диздар на својот инстаграм-профил.
„Почивај во мир пријателе“, напиша таа.
Цветко почнал да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи, стана еден од ретките хрватски модели со меѓународен успех.
На Инстаграм го следеа речиси 16.000 корисници, со кои редовно споделуваше фотографии од своето секојдневие.