Девојче од Нов Зеланд се удавило додека нејзините родители подготвувале вечера на помал брод за време на семеен одмор на Фиџи.
„Кога ја најдовме, веќе беше предоцна“, напишал семеен пријател на страницата за собирање средства за покривање на трошоците за авионскиот пат од Фиџи до Нов Зеланд, како и за погребот на девојчето (1).
Тој додал дека Махина била прекрасно, весело и насмеано дете кое ги сакало водата и животот на бродот.
Махина си играла на палубата на бродот додека нејзините родители Марк и Кири подготвувале вечера во кујната.
Тие верувале дека Махина била безбедно врзана со појас на палубата на бродот и во тоа време гледала филм.
Кога се вратиле на палубата, не ја нашле таму и очајно ја барале додека не ја виделе како лебди во морето, објави The New Zealand Herald.
Кога виделе дека нивната ќерка паднала во водата, набрзина излегле на брегот да побараат помош, но никој не можел да ѝ помогне.
Полицијата во Фиџи соопшти дека Махина можеби се ослободила од појасот и завршила во водата. Случајот е под истрага.
Министерството за надворешни работи соопшти дека е запознаено со случајот и понуди помош на семејството.
Семејството Токи со брод од нивниот дом на островот Грејт бариер во Нов Зеланд се упатило кон Фиџи. Таму пристигнале во средата.