Пилотот Максим Кузминов, кој минатото лето пребега во Украина со руски воен хеликоптер „Ми-8“, веројатно е убиен откако ја поканил поранешната девојка да го посети во Шпанија, пишува во понеделникот весникот Украинская правда, повикувајќи се на извори Главната разузнавачка управа (ГРУ) при украинското Министерство за одбрана.
Во написот се наведува дека Кузминов решил да се пресели во Шпанија „наместо да остане тука“ (во Украина), како и дека според сознанија на весникот, ја поканил поранешната девојка да го посети а потоа бил пронајден застрелан.
Шпанската државна новинска агенција EFE објави дека телото е пронајдено на 13-ти февруари во гратчето Виqахојос, во близина на Аликанте, на југот на Шпанија. Кизминов, откако поради пребегнувањето беше славен во украинските и западните медиуми, живеел во Шпанија со украински пасош но под друго име.
Шпанската полиција потврдила дека во градот е пронајдено тело на застрелано лице, но не го објави неговиот идентитет. Извор од шпанската Цивилна гарда за EFE рекол дека жртвата можеби живеела во земјата под лажен идентитет.
Весникот La Informacion, кој прв извести за случајот, наведува дека истрагата е насочена кон две осомничени лица кои побегнале со автомобил кој подоцна е пронајден опожарен во местото на ликвидацијата.
Украинската новинска агенција УНИАН објави дека убиениот украински државјанин во Шпанија е веројатно Кузминов. Порталот РБК-Украина вели дека информацијата за неговата смрт ја потврди портпаролот на военото разузнавање ГРУ, Андриј Јусов.
Во пишувањата на шпанските медиуми се забележуваат повеќе недоследнсот. Таа во некои се наведува дека е убиен 33-годишен Украинец, додека во некои се наведува дека Кузминов имал 28 години. Шпанскиот информативен портал Eureka News, повикувајќи се на неименуван извор од Цивилната гарад првично објави дека е убиен украински пилот, а подоцна ја повлече веста и од својата страница и од профилот на мрежата Х.
Исто така, италијанскиот портал Il Corrispondente, кој нема печатена верзија и не содржи информации за авторите на материјалите, повикувајќи се на извор од шпанската Цивилна гарда, објави дека Кузминов бил убиен на 13-ти февруари со 12 истрели, а потоа неговото тело било прегазено од автомобилот на убијците. Белешката под наслов „Предавниците не живеат долго“ содржи многу навредливи коментари на украински јазик упатени до порталот.
Летото 2023 година украинските медиуми објавија дека малд руски пилот од градот Курск, по наговор на украинското разузнавање и за одредена сума пари, пребегнал со хеликоптер „Ми-8“ на територијата која ја контролирала украинскава војска, а дека другите двајца членово на екипажот биле убиени, но не беше објаснето под кои околности.