21-годишно момче ненадејно почина за време на настап на културно-уметничкото друштво на манифестацијата „Купусијада“ во Мрчајевци.
Очевидци раскажуваат дека инструменталистот на „Културно уметничко друштво Кралево“ наеднаш се срушил на сцената. Итната помош пристигнала веднаш, но му немало спас.
Д-р Билјана Кочовиќ, портпаролката на здравствената установа која се обидела да го реанимира, на медиумите им изјавила дека момчето било донeсено во болницата без витални параметри.
Како што пишува „РТС“, по оваа трагедија програмата на „Купусијада“ веднаш била прекината. Организаторите одлучиле истата да не продолжи ниту денеска.
Точната причина за смртта на уметникот ќе се знае по обдукцијата.
фото: Курир.рс