УЖАС ВО БЕЛГРАД: Сосед до смрт избодел 16-годишно девојче и ги ранил нејзините родители

by Тони Зографски

Девојче родено 2007 година е убиено во белградската населба Рипањ, а три лица се ранети, дознава „Танјуг“. Како што пишува „Телеграф“, полицијата трага по С.И (38), кој е осомничен дека со нож избодел соседот, татко, мајка и им го убил детето.

– С.И добро го познаваше семејството. Во бес, влетал во нивната куќа и избезумено ги избодел. Детето е во најтешка состојба, додека таткото и мајката се борат за живот – вели изворот на „Курир“.

Според „Танјуг“, осомничениот за нападот е сосед од истата населба.

– Наводно се посомневал дека тие му фрлиле црна магија и затоа влетал во нивната куќа. Насекаде има крв, се слушаат врисоци и лелеци – вели еден жител на оваа населба.

Според последните информации, убиецот ѝ се предал на полицијата.

останати вести