Во Репаш кај Копривница во Хрватска куче му ја изгризало главата на едномесечно бебе.
Новороденчето, родено во февурари, со Брза помош било пренесено во Загреб, а лекарите се борат за животот на несреќното девојче. Девојчето било веднаш оперирано.
Полицијата спроведува истрага како дошло до инцидентот.
Бебето и кучето од расата дога живееле заедно во куќата.