Едно лице загина, еден моторџија остана без стапало во тешка сообраќајна несреќа веднаш по скопската патарина пред Петровец.
Група од 20 –тина млади луѓе качени на мотори тргнала од Скопје кон Велес. Ја минале патарината кај Петровец и по само 2 километри се случила трагедија. Неофицијално од првичниот увид на полицијата дошло до мал контакт на двата мотори, загубиле контрола, а едниот од нив лизгајќи се по асфалтот се забил во задните тркала на камион кој возел пред нив.
28- годишниот моторџија не давал знаци на живот, а на неговиот пријател моторот му го откинал стапалото.
Веднаш е префрлен во скопскиот ургентен центар, вон животна опасност, а лекарите се обидуваат да му ја спасат ногата.
(фото: Канал 5)