Двојна трагедија се случи во штипско, откако во рок од 24 часа, момче и девојка поради недозволена љубов си ги одзедоа животите со бесење. Безживотното тело на дваесет и пет годишното момче вчера било пронајдено на локалитетот „Баргала“, а утринава на неговата 21 годишна девојка од селото Аргулица.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот полицијата добила повик од Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна во селото Аргулица. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка.
Момчето и девојката биле во врска, но, како,што велат дел од жителите, не им била дозволена, од едно од семејствата. Покрај телото на девојката утринава е пронајдено и проштално писмо.