Пукале и ограбиле бензинска во Бутел

by Тони Зографски

Двајца разбојници доцна синоќа ограбиле бензиска станица на “Макпетрол”, лоцирана на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, Скопје.

Разбојниците, кои биле вооружени и носеле фантомки на главите, ја одзеле чантата со прометот од вработен на бензинската. Пред да избегаат, пукале во воздух.

Заминале со автомобил марка “БМВ”.

Претходно во ноќта, беше ограбена и обложувалница во Драчево.

останати вести