Две деца загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случила ноќеска на патот Нови Карловци – Нов Сланкамен во Србија.
Како што се дознава, загинало девојче старо година дена и дете на возраст од 8 години, а уште тројца се повредени.
Мајката и таткото се здобиле со тешки повреди, а дете на возраст од 5 години е полесно повредено, објави Блиц.
Петчленото семејство се наоѓало во автомобил марка Рено Клио кој најверојатно поради неприлагодена брзина излетал од патот и се превртел.