Руската инфлуенсерка и старлета Марина Лебедева починала од операција на носот која чинела 4000 фунти во елитна клиника по евентуална смртоносна „реакција на анестезија“.
Несреќната 31-годишна девојка сакала да го поправи обликот на носот со процедура за ринопластика, се вели во извештаите. За време на операцијата во една руска клиника, нејзината температура се покачила, најверојатно како последина на реакција на анестетик.
Пластичните хирурзи и болничарите се бореле да ја спасат, но на Марина ѝ немало помош. Приватната клиника повикала брза помош штом сфатиле дека ја губат младата пациентка.
Видеото снимено од камерите за време на операцијата ќе послужи како доказ на суд. Во Санкт Петербург е покрената кривична постапка поради медицинска негрижа, а на хирурзите им се заканува затворска казна до шест години, доколку бидат осудени.
Сопругот на починатата инфлуенсерка побрзал да се врати во градот од службено патување кога му била соопштена трагичната смрт на неговата сопруга. Сега останат сам со нивниот малолетен син.