Младиот охриѓанец кој почина од корона дошол од Словенија за да си ја види тешко болната мајка

by Тони Зографски

На Инфективната клиника во Скопје 28-годишен охриѓанец ја загуби битката со коронавирусот.

Лазар Секулоски последните денови бил на респиратор, а префрлен е во Скопје откако му се влошила состојбата додека бил хоспитализиран во Охрид.

Момчето било дијабетичар и имало и проблеми со тироидната жлезда, јавуваат локалните медиуми.

Лазар живеел и работел во Љубљана, Словенија, но дошол во Охрид да ја посети мајката која боледувала од  карцином на белите дробови и била хоспитализирана во Општата болница во Охрид и таму се заразил од ковид.

Тој е најмладиот меѓу 35-те починати од ковид во последните 24 часа во Македонија.

останати вести